Бајрам: Сите ромски партии да се обединат во една платформа

08.04.2016 16:42

Платформа во која ќе учествуваат сите ромски партии- ова лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам го гледа како решение за проблемите на етничката заедница. Петти конгрес на партијата, која годинава слави 20 години постоење...

Сите ромски политички партии да се обединиме во една платформа и на претстојните избори за извојуваме убедлива победа – е пораката што лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам ја испрати до делегатите на петтиот Конгрес на неговата партија, која годинава одбележува 20 години постоење.

„Не се продаваме веќе за брашно, за леб, за зејтин, за мали средства... Вработувања, само вработувања треба“, нагласи Бајрам.

Странските инвестиции, развојот на туризмот, субвенциите во земјоделството и реформите во здравството се точките од партиската програма на ВМРО ДПМНЕ која се реализира со помош на сите коалициски партнери, а од нив имаат корист сите граѓани – рече претседатателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Тој зборуваше дека изминатите десет години во континуитет се исполитуваат правата на ромската заедница, на начин што им е овозможено образование на мајчин јазик и почитување на националните празници. Денес, рече Груевски, Ромите се интегрирани во државниот систем и во сите сфери на општествениот живот. 

 

Анита Димиријевска