Во Куманово

Зголемен бројот на индивидуални барања за градба

26.01.2014 13:44

Во изминатата година над 90% од барањата...

Во изминатата година над 90% од барањата за градба во Куманово се однесувале на индивидуални и колективни стамбени објкети. По основ на комунални давчки за градба во општинската каса се слеале 37,5 милиони денари. Деловни објкекти во индусктриски зони годинава се застапени во минимален процент.

 „Трендот на изгадба на станбените згради започна пред 5- години, во кој голем удел имаа печалбарите од Авганистан.“ - Лидија Ланг Спасовска-раководител на сектор за урбанизам-Општина Куманово

  Доколку продолжи да се инвестира во згради, пазарот би можел да се засити од хиперпродукација на станови, а со тоа би паднала и цената за метар квадратен и не би можеле реално да се продадат.

„Од минатата година стартуваше проект индустриска зона Речица , но се уште нема видливи резултати.На лицитација се три парцели за изградба на хотел, фабрика и трговски центар“ -  Ненад Додевски-архитект АД. “Козјак” Куманово

 

новинар: Габриела Димковиќ

снимател: Предраг Велиновски