Почнува сеидбата на оризот

11.04.2016 09:26

Почна полнењето на полињата со ориз и сеидбата може да почне за една недела. Временските услови се поволни, а во акумулациите има доволно вода...

Неделава и официјално треба да почне сеидбата на оризот. Вода има доволно за 5.000 хектари со оваа култура или за скоро 200 хектари повеќе од лани.

Во моментов со зафаќаат води од Оризарска река и се пуштаат во нивите по соодветен редослед.

Лани беа ожнеани 24 илјади тони оризова арпа со просечен принос од 5.600 до 5.800 килограми од хектар.

Откупната цена беше ниска поради што субвенцијата беше зголемена од 11 на 21.000 денари по хектар.

Сепак залихите кои не се извезоа, а на земјоделците не им одговараше евтино да ги продадат, ја зголемиа понудата и предизвикаа нарушување на домашниот пазар.

 

Методија Трајков