Јацењук по поднесената оставка разговараше со Бајден

11.04.2016 09:34

Бајден и Јацењук се согласиле дека тоа се „промени што мора да бидат неповратни“ и дека продолжувањето на напредокот е важно ...

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук, вчера ја понуди својата оставка од функцијата најавувајќи дека во вторник официјално ќе ја поднесе и во Парламентот.

По оставката Jацењук разговарал со американскиот потпретседател Џозеф Бајден за важноста од продолжување на економските рефероми и чекорите кон енергетска независност што ги презеде Киев.

Бајден и Јацењук се согласиле дека тоа се „промени што мора да бидат неповратни“ и дека продолжувањето на напредокот е важно за обезбедување на просперитетната иднина на народот на Украина.