На јужната граница стабилно, 14 полицајци и 9 војници повредени во вчерашните немири
По обидот да се пробие заштитната ограда и нелегално да се влезе на македонска територија, реагираа безбедносните сили на нашата држава. Притоа немало координирана акција од грчката полиција за спречување на нередите во кампот.

Состојбата на македонско-грчката граница е стабилна, но напната. 14 полицајци и 9 војници се повредени во вчерашните немири, предизвикани од мигрантите стационирани во импровизираниот камп зад јужната македонска граница.
По обидот да се пробие заштитната ограда и нелегално да се влезе на македонска територија, реагираа безбедносните сили на нашата држава. Притоа немало координирана акција од грчката полиција за спречување на нередите во кампот.
Таму се делеле и летоци на арапски јазик, со најава дека македонските безбедносни сили ќе ги пропуштаат мигрантите кон ЕУ, а и на социјалните мрежи се појавиле информации дека ќе се пропуштаат по петмина мигранти на час.
Наводно, овие информации биле сервирани од грчка невладина организација. Неофицијално, мигрантите подготвувале и молотови коктели, кои требало да ги употребат против македонските безбедносни сили.
