Проект за вработување социјално загрозени лица
Со пари од Европската Унија, преку ИПА фондовите, во Прилеп почна да се спроведува проектот за обука на 60-тина социјално загрозени, кои треба да се стекнат со вештини за вклучување на пазарот на трудот. Главната улога во овој проект му е доверена на Регионалниот центар за кариерен развој...

Наместо само да чекаат социјална помош, шеесетина социјално загрозени од 18 до 35 години од Прилеп, Кривогштани и Долнени за прв пат ќе бидат обучени за работа и активни на пазарот на трудот преку прилепскиот Центар за социјални работи. Заедно со битолскиот Културен центар во три фази ќе се обучат невработените, за возачки дозволи и меки вештини.
Овој прв проект од ваков вид е значаен за социјално ранливите и од Долнени и Кривогаштани. Главната улога ја има Кариерниот центар при прилепскиот Центар за вработување.
Со проектот од 150.000 евра од ИПА фондовите на Европската унија последните вртаботувања треа да бидат до јуни наредната година.
Елизабета Митреска
