ДИК на седница ќе го разгледува извештајот за прогресот во Избирачкиот список

11.04.2016 10:46

Членовите на Комисијата ќе го утврдуваат и начинот на постапување по прашањата од теренските проверки врз основа на Правилникот за методологијата за водење и ажурирање на Избирачкиот список.

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која ќе го разгледа Извештајот за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на Избирачкиот список, заклучно со денешниот датум.

Членовите на Комисијата ќе го утврдуваат и начинот на постапување по прашањата од теренските проверки врз основа на Правилникот за методологијата за водење и ажурирање на Избирачкиот список.