Кери го посети меморијалниот музеј во Хирошима
Кери е првиот американски државен секретар, кој го посетува музејот на жртвите на бомбардирањето на Хирошима. Споменикот за првпат го посетуваат и министрите за надворешни работи на Франција и Велика Британија.

Американскиот државен секретар Џон Кери и министрите за надворешни работи на останатите шест земји од Г-7, седумте индустриски најразвиени држави во светот, во меморијалниот парк и музеј во Хирошима им оддадоа почит на 140.000 жртви на американското бомбардирање на 6 август 1945 година.
Кери е првиот американски државен секретар, кој го посетува музејот на жртвите на бомбардирањето на Хирошима. Споменикот за првпат го посетуваат и министрите за надворешни работи на Франција и Велика Британија.
Домаќинот на средбата на министрите за надворешни работи, јапонскиот шеф на дипломатијата Фумио Кишида изјави дека министрите ќе дискутираат за борбата со тероризмот, безбедноста на морепловството и настаните во Северна Кореја, Украина и на Блискиот Исток.
