Индија: Истрага за несреќата во хиндуистичкиот храм

11.04.2016 12:03

Индискиот премиер го посети местото на несреќата и повредените во локалните болници и изјави дека инцидентот е толку срцепарателен што не може да се опише со зборови.

Индиските власти наложија истрага за несреќата во хиндуистичкиот храм на југот на Индија во која загинаа повеќе од 100 луѓе, а скоро 400 беа повредени.

Индискиот премиер го посети местото на несреќата и повредените во локалните болници и изјави дека инцидентот е толку срцепарателен што не може да се опише со зборови.

Пожарот избил кога искра од огномет запалила други пиротехнички средства. Во храмот во кој се случи несреќата секоја година се одржува натпревар во огномет на кој присуствуваат илјадници верници.