Државниот секретар на САД го посети меморијалниот музеј во Хирошима

11.04.2016 12:57

Домаќинот на средбата на министрите за надворешни работи, јапонскиот шеф на дипломатијата Фумио Кишида изјави дека министрите ќе дискутираат за борбата со тероризмот, безбедноста на морепловството и настаните во Северна Кореја, Украина и на Блискиот Исток...

Американскиот државен секретар Џон Кери и министрите за надворешни работи на останатите шест земји од Г-7, седумте индустриски најразвиени држави во светот, во меморијалниот парк и музеј во Хирошима им оддадоа почит на жртвите на американското бомбардирање на 6-ти август 1945 година. Кери е првиот американски државен секретар, кој го посетува музејот на жртвите на бомбардирањето на Хирошима. Споменикот за првпат го посетуваат и министрите за надворешни работи на Франција и Велика Британија. Домаќинот на средбата на министрите за надворешни работи, јапонскиот шеф на дипломатијата Фумио Кишида изјави дека министрите ќе дискутираат за борбата со тероризмот, безбедноста на морепловството и настаните во Северна Кореја, Украина и на Блискиот Исток. 

„Се надевам дека оваа посета пред светот ќе покаже колку е важен мирот и колку е важно силните сојузници да работат заедно за светот да го направат побезбеден и за да можеме на крајот да го ослободиме од оружјето за масово уништување“, изјави државниот секретар на САД, Џон Кери.  

„Ова е историски ден бидејќи американскиот дражвен секретар и министрите на земјите од Г-7 се во посета на меморијалниот парк. Се надевам дека ова ќе испрати јасна порака за Хирошима“, изјави Фумио Кишида, јапонскито шеф на дипломатија.

Кери рече дека е длабоко потресен од посетата на меморијалниот центар и додаде дека споменикот е јасен, остар и убедлив потсетник дека треба да му се стави крај на заканата од нуклеарно оружје.

Посетата на Кери како и шпекулациите за можна посета на градот и на американскиот претседател Обама наведува дека официјален Вашингтон би можел и официјално да се извини поради фрлањето на атомската бомбаво 1945 година која уби 140 илјади луѓе, што шефот на дипломатијата го демнатираше изјавувајќи дека нема да дојде до извинување.

 

Марина Автовска