Самоубиствен напад врз полициска станица во Русија
11.04.2016 13:27
Се претпоставува дека станува збор за терористи, кои ги активирале експлозивите околу 10.40 часот по локално време.

Тројца бомбаши- самоубијци се разнеле крај полициска станица во градот Новоселское, во југозападна Русија.
Се претпоставува дека станува збор за терористи, кои ги активирале експлозивите околу 10.40 часот по локално време. Градската полициска управа соопшти дека нема настрадани меѓу населението и силите на редот.
Според медиумите, биле четворица напаѓачи, од кои двајца се ликвидирани.
