ЕК: Мигрантите од Идомени да се префрлат во бегалските центри низ Грција

11.04.2016 13:32

Мигрантите од грчката страна на границата да се преместат во кaмповите низ земјата и да не им се даваат неточни информации...

Европската комисија со повик- мигрантите од грчката страна на границата да се преместат во кaмповите низ земјата и да не им се даваат неточни информации.

„Европската комисија ќе продолжи да ја испраќа пораката дека луѓето од Идомени треба да бидат релоцирани и згрижени во прифатните центри во Грција и дека не треба да ги прават овие опасни обиди. Властите и невладините организации треба да им обезбедат точни информации на мигрантите за да се избегнат понатамошни инциденти“, изјави портпаролката на ЕК, Мина Андреева.