Павлопулос пак се закани: Нема ЕУ и НАТО поради заштитата на границата

11.04.2016 14:11

И додека грчките медиуми јавуваат за наводна „невидена бруталност“ и „голем број повредени мигранти и бегалци“, со провокација одново се јави и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, кој што на средбата со португалскиот премиер Антонио Коста, изјави дека поради заштитата на границата треба да заборавиме на НАТО и на Европската Унија.

Грчките власти и медиуми последното деноноќие оркестрирано ги демонизираат македонските безбедносни сили, јавува дописникот на МРТ од Атина. Наспроти информациите на македонското Министерство за внатрешни работи дека грчката полиција не интервенирала за да ги спречи инцидентите на границата, во Грција пак прстот се вперува во македонските полицајци и војници поради спречувањето на мигрантите насила да минат на наша територија.

И додека грчките медиуми јавуваат за наводна „невидена бруталност“ и „голем број повредени мигранти и бегалци“, со провокација одново се јави и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, кој што на средбата со португалскиот премиер Антонио Коста, изјави дека поради заштитата на границата треба да заборавиме на НАТО и на Европската Унија.

На соседните земји како пј РМ кои што имаат аспирации да се приклучат кон Европската Унија и НАТО, а кои што се однесуваат кон бегалците како што се однесуваа вчера овде во Грција, со незамисливи постапки неприфатливи за човештвото, секако дека не им е местото ниту во ЕУ ниту во НАТО, изјави Павлопулос.

Грчките опозициски партии пак, како Нова Демократија, ПАСОК и Златна Зора и натаму ја критикуваат владата на Ципрас. Го повикуваат на оставка поради обвинувањата за неактивност на владата во однос на случувањата во Сехово.

Грчката територија во Идомени е окупирана од илегални мигранти и од хорди од наоружани скопјани, а криминалната коалиција на Каменос и Ципрас која што безусловно го предаде нашиот национален суверенитет, продолжува да дели бесплатни прегратки за Азија и Африка, се вели во реакцијата на Златна Зора.

Грчките власти изминатиов период бегалците и мигрантите ги истоваруваа исклучиво на границата со Македонија, а бројот на лица што моментално се наоѓаат во Сехово и натаму надминува 11.000. 

 

Марија Котовска, постојан дописник од Атина за МРТ