Спасовски посети еден од повредените полицајци

11.04.2016 15:19

На полицаецот, хоспитализиран во Ургентниот центар, Спасовски му посакал брзо закрепнување и му честитал за храброста.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, посети еден од полицајците кои беа повредени во вчерашните немири со мигрантите на јужната граница.

На полицаецот, хоспитализиран во Ургентниот центар, Спасовски му посакал брзо закрепнување и му честитал за храброста.

Во вчерашниот инцидент беа повредени 14 припадници на полицијата и 9 војници.