НБРМ нема индиции дека домашни фирми или банки се вклучени во сомнителни трансакции

11.04.2016 15:55

Супервизијата на Централната банка и девизната инспекција најмалку еднаш годишно на репрезентативен примерок, теренски ги контролираат домашните банки, појаснува Богов.

Народната банка на Република Македонија нема индиции ниту сознанија дека домашни фирми или банки на кој било начин биле вклучени во сомнителни трансакции објавени во Панамските документи. Не се чести ниту пак бројни  трансакции  на домашни со фирми кои имаат седиште во некоја од оф- шор зоните, вели гувернерот Димитар Богов.

Супервизијата на Централната банка и девизната инспекција најмалку еднаш годишно на репрезентативен примерок, теренски ги контролираат домашните банки, појаснува Богов.

Народна банка има за цел постојано да ги унапредува процедурите на банките за спречување перење пари. Според законот, сите сомнителни трансакции банките се должни да ги пријават во Управата за финансиско разузнавање.

Што се однесува до случајот „Актор“, Народна банка не забележала ништо незаконско, ниту пак добила некакво барање од меѓународната заедница за овој случај, вели Богов.

 

Свето Николовски