Прва операција во новата болница „Филип Втори“

11.04.2016 16:30

Најавена е соработка со болницата „Св. Катерина“ од Хрватска. Тоа значи извоз на македонското медицинско знаење во земјите од Европската унија и чекор во развојот на македонскиот туризам.

60 годишен Виничанец е првиот пациент на кој му е направена бајпас операција на срце во новата болница за кардиохирургија „Филип Втори“. Од денеска опративните зафати ќе се извршуваат во новиот објект.

„Се надевам дека операцијата за него ќе биде долгорочно решение, како што е и за првиот пациент, бидејќи знаете првиот пациент по 16 години од операцијата, ја пресече лентата на овој објект“, изјави кардиохирургот д-р Жан Митрев.

Најавена е соработка со болницата „Св. Катерина“ од Хрватска. Тоа значи извоз на македонското медицинско знаење во земјите од Европската унија и чекор во развојот на македонскиот туризам.

„Можете да бидете горди во Македонија од оваа институција. Ова државата не може да ја направи, ова е голем исчекор за приватниот здравствен систем, но и за целиот регион“, изјави проф. д-р Драган Приморац, специјална болница „Св. Катерина“ – Хрватска.

Склучен договор и со авио-оператор од Хрватска, преку кој, пациенти од европските земји ќе се носат на лекување кај нас.

 

 

Андријана Атанасовска