Самсоненко го презеде ФК Вардар – целта е Лигата на шампионите
По преземањето на РК Вардар, и спонзорирањето на ЖРК Вардар СЦБТ, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко на голема врата влегува и во фудбалскиот клуб Вардар. Денес во салата за состаноци на град Скопје, градоначалникот Коце Трајановски одржа прес конференција, на која беа соопштени детали, во врска со продажбата на најтрофејниот македонски фудбалски клуб. На објавата се јави единствено РК Вардар, односно неговиот сопственик, Сергеј Самсоненко, кој знаеме колку придонесе во машкиот и во женскиот ракометен клуб, за краток временски период.
По преземањето на РК Вардар, и спонзорирањето на ЖРК Вардар СЦБТ, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко на голема врата влегува и во фудбалскиот клуб Вардар. Денес во салата за состаноци на град Скопје, градоначалникот Коце Трајановски одржа прес конференција, на која беа соопштени детали, во врска со продажбата на најтрофејниот македонски фудбалски клуб. На објавата се јави единствено РК Вардар, односно неговиот сопственик, Сергеј Самсоненко, кој знаеме колку придонесе во машкиот и во женскиот ракометен клуб, за краток временски период.
’’Уште кога ја презедовме грижата за ФК Вардар, основна цел ни беше да го вратиме на највисокото место во македонскиот фудбал, онаму каде што му е местото. Изминатите две сезони ја освоивме титулата, и игравме во квалификациите за Лигата на шампионите, но не успеавме да постигнеме позабележителни резултати. Во периодот од две ипол години, вкупно вложивме 75 милиони денари, и решивме да побараме некој, кој ќе го подигне нивото, и финансиски, а и во поглед на резултатите. Со оглед на тоа што, градот имаше 51 проценти од акциите, а фирмата АД ССДП останатите 49 проценти, ние заеднички се договоривме за овој потег, а сето тоа требаше да се изгласа во Советот на градот. Сега е помината и таа фаза, и веќе не постојат пречки за реализација на овој проект. Сакам да истакнам дека, според договорот, во следните 10 години, новиот сопственик мора да обезбеди по еден милион евра годишно, во спротивно, договорот може да биде раскинат. Исто така, доколку новиот сопственик сака да го продаде клубот, за тоа треба да добие согласност од градот. Со вакви мерки, сакаме да им дадеме до знаење на сите дека и натаму ќе се грижиме за се што ќе се случува со нашата фудбалска гордост’’ – изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Самсоненко истакна дека се заинтересирал за фудбалскиот клуб, по успесите кои ги бележи во ракометот, а уште повеќе од фактот дека во изминатиот период од две ипол години, клубот бил воден од љубов, а не од некоја желба за профит.
’’Условите беа да се обезбедат најмалку еден милион евра, но ние гарантираме најмалку еден ипол милион евра, што не значи дека нема да бидат и повеќе. Засега имаме три засилувања, и тоа Филип Ивановски и Илчо Наумоски, а пред потпушување сме и со уште еден квалитетен фудбалер, кој игра на позиција штопер, но сеуште не бисакал да го откријам неговото име, додека не бидеме сигурни во тоа. Мојата цел е да играме во Европа, и тоа не само една сезона, туку да имаме континуитет во групите во Лигата на шампионите. Сакаме да играме добро, секако и да победуваме, а со тоа да ги полниме трибините на нашиот најголем стадион. Истовремено ќе работиме на подобрување на условите за фудбалерите, не само за сениорите, туку и за младите категории. Значи, најпрвин да обезбедиме услови, а потоа да бараме резултати ’’ – изјави Сергеј Самсоненко.
Претседателката на Советот на Скопје, Ирена Мишева, изрази задоволство од едногласната одлука на членовите на Советот, во врска со ова прашање, а Цветко Грозданов, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, исто така, напомена дека со овој чекор, ФК Вардар сигурно ќе биде уште поквалитетен, и организациски, и финансиски, и резултатски. На крајот на прес конференцијата, градоначалникот Трајановски му врачи дрес на ФК Вардар на новиот сопственик, Сергеј Самсоненко.
