ПЕИ се приклучи на Плтформата за демократска Македонија

11.04.2016 16:47

Партијата ПЕИ на Фијат Цаноски се приклучи кон Платформата за демократска Македонија, предводена од Социјал-демократите. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели дека само преку слободни избори може да се врати слободата...

Партијата за европска иднина (ПЕИ) стави потпис на Платформата за демократска Македонија која пред два дена ја потпишаа опозициската СДСМ и коалиционите партии. Партијата на Цаноски и во 2011-та соработуваше на изборите со СДСМ.

Лидерот на СДСМ Заев вели дека нема услови за одржување избори на 5- ти јуни. Како што рече, опозицијата останува на ставот дека минимум услови за фер избори се реформи во медиумите, разграничување на партијата од државата и целосно пречистен избирачки список.

Заев додава дека последната владина одлука за укинување на правните акти донесени од министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика е незаконска бидејќи тие не се однесувале на изборниот процес.

Лидерот на опозициската СДСМ смета дека Државната изборна комисија е единствено меродавна да каже дали има услови за фер избори на 5- ти јуни повикувајќи таа да работи според законот и методологијата.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска