ДИК: Недостасуваат 282 физички прашалника и 414 во електронска форма

11.04.2016 17:04

ДИК го чешлаше извештајот за прогресот на проверките на избирачкиот список. Физички недостасуваат 282 прашалника, а во елекстронска форма нема 414. Членовите на комисијата остануваат поделени во носењето на одлуките...

282 прашалници недостасуваат и тие не се доставени до Државната изборна комисија која го пребројувала материјалот вратен од нивните подрачни одделенија, каде се вршеше теренската проверка. Од друга страна, 414 прашалници недостасдуваат во електронска форма, односно како што објасни компјутерскиот центар на ДИК, дел од овие прашалници комјутерскиот центар не успеал да ги прочита.

Двата извештаи се прифатени од Државната изборна комисија со мнозинство гласови, против беа членовите од СДСМ.

Се прегледуваат над 87.000 спорни записи. Анкетарите директно оствариле контакт со 35.481 гласач, додека за над 41.000 податоците кои анкетарите ги барале ги дале блиски на оние кои биле спорни. Се испитуваа по разни основи, од водење на адреса по лична карта, а живеалиште на друга, до 20 гласачи регистрирани на една адреса.

 

Миле Ристески