Утре караванот „Купи куќа за млади“ во Гостивар, Тетово и Кичево

12.04.2016 10:17

Презентациите ќе почнат во 17 часот и тоа во Општината во Гостивар, во Општината во Тетово, и во Кичево, во просториите на Правниот факултет...

Утре во рамки на караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржи презентација во Гостивар, Тетово и во Кичево, соопшти Министерството за финансии.

Презентациите ќе почнат во 17 часот и тоа во Општината во Гостивар, во Општината во Тетово, и во Кичево, во просториите на Правниот факултет.

Сите заинтересирани граѓани на презентациите ќе можат да се информираат за проектите од претставниците на Министерството за финансии, од општините, банките и Катастар.