Поголем развој на селата со ИПАРД 2
Развојот на селата и неземјоделските активности ќе се ко-финансираат со најголем процент од ИПАРД 2 програмата. Ако за другите мерки субвенцијата е 60, за оваа намена е најмалку 65 проценти од инвестицијата. Тука спаѓаат алтернативното земјоделство, пчеларството, занаетчиството и се друго што им е поребно на руралните средини...

За европските пари ќе можат да конкурираат занаетчиите, угостителите, ветеринарите, локалните радиодифузери и земјоделците што се занимаваат со алтернативно земјоделско производство.
Со ИПАРД 2 програмата која треба да почне втората половина од годинава, инвестициите во руралните средини ќе се подржуваат со најголема стапка, односно со субвенции од 65 проценти .
Минималните прифатливи трошоци за инвестиција се од 3.000, а максималните до 1.000.000 евра.
До 3.000.000 евра ќе се поддржуваат само поголеми инвестиции за производство и продажба на енергија од обновливи извори.
Методија Трајков
