Македонија има право да ја контролира својата граница согласно меѓународните стандарди

12.04.2016 10:43

Според позициите на Берлин, секоја држава треба своите граници да ги штити во согласност со меѓународните стандарди.

Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт вчера ги отфрли наводите на дел од медиумите кои бараа Берлин да ја критикува Македонија за акцијата во која македонските гранични служби ги спречија бегалците од дивиот камп во Идомени да влезат на македонска територија.

Според позициите на Берлин, секоја држава треба своите граници да ги штити во согласност со меѓународните стандарди. На директно прашање дали Германија ќе ја осуди употребата на гумени куршуми и солзавец против бегалците, Зајберт изјави дека обидите на бегалците да ја минат границата е решение што не дава надеж, а контролата на меѓународните граници во секоја земја мора да биде во рамките на меѓународните стандарди.