Спасени 1.850 мигранти во Сицилијанскиот теснец

12.04.2016 10:55

Брод на крајбрежната стража пресретнал два помали брода со вкупно 740 лица, додека бродот на морнарицата им помогнал на чамците во кои имало 255 луѓе.

Италијанската крајбрежна стража спасила 1.850 мигранти во осум одвоени операции во Сицилијанскиот теснец. Брод на крајбрежната стража пресретнал два помали брода со вкупно 740 лица, додека бродот на морнарицата им помогнал на чамците во кои имало 255 луѓе.

Рутата ја променил и товарен брод со цел да помогне на група од 117 имигранти, додека брод на морнаричките сили на ЕУ спасил 738 лица кои биле во три чамци.

Според податоците на УНХЦР, од почетокот на годинава до крајот на март, околу 17.500 луѓе пристигнале во Италија.