ОН: Почнуваат сослушувањата на кандидатите за Генерален секретар
Неформалниот дијалог е нова практика на Генералното собрание на Обединетите Нации и има за цел унапредување на транспарентноста на процесот...

Во Обединетите Нации денеска почнуваат сослушувањата на кандидатите за Генерален секретар на светската организација, кои по првпат во историјата ќе бидат јавни. Прв на ред ќе биде поранешниот црногорски премиер Игор Лукшиќ, а по него - поранешната бугарска министерка за надворешни работи Ирина Бокова и некогашниот португалски премиер Антонио Гутереш.
Се очекува утре да се претстават кандидатите Весна Пусиќ и словенечкиот кандидат Данило Тирк.
Неформалниот дијалог е нова практика на Генералното собрание на Обединетите Нации и има за цел унапредување на транспарентноста на процесот за избор на иден генерален секретар.
