Конференција за Maкедонија во европската енергетска рамка, безбедност и вработувања

12.04.2016 11:28

Ќе се дебатира за две студии од едицијата „Македонија во европската енергетска рамка“...

На конференцијата „Мaкедонија во европската енергетска рамка- безбедност и вработувања“ ќе се дебатира за две студии од едицијата „Македонија во европската енергетска рамка“.

Студиите се од областа на достапноста на јаглен за енергетски потреби и достапноста на работни места во различните сектори поврзани со енергијата. Двете изданија претставуваат анализи посветени на достапноста на лигнит за производство на електрична енергија, односно на можностите за отворање нови работни места во делот на  термоцентрали и обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Студиите се изработени и објавени во 2015 година и се промовираат заедно со цел истовремено да се прикаже и негативната и позитивната слика за енергетската иднина на Mакедонија.