Идомени: Тепачка помеѓу две групи мигранти, запален вагон

12.04.2016 11:56

Се степале две поголеми групи мигранти, Курди и Авганистанци. Притоа бил запален и вагон од железничката композиција која мигрантите ја користат за сместување...

На Железничката станица во Идомени, кај импровизираниот камп на границата меѓу Македонија и Грција, утрово се степале две поголеми групи мигранти, Курди и Авганистанци. Притоа бил запален и вагон од железничката композиција која мигрантите ја користат за сместување.

Засега не се знае бројот на повредени, грчката полиција интервенирала и состојбата била ставена под контрола.