ИД соборила сириски воен авион
12.04.2016 11:59
Авионот бил соборен во близина на природната граница со Либан.

Сириската опсерваторија за човекови права и Исламска држава тврдат дека џихадистите од екстремистичката организација собориле сириски воен авион за време на судирите западно од Дамаск.
Авионот бил соборен во близина на природната граница со Либан. Опсерваторијата, со седиште во Велика Британија, нaведува дека не е познато што се случило со пилотот на авионот.
