Обновувањето на пеплосаниот Трескавец ќе започне околу Велигден

26.01.2014 14:36

За неколку денови, на 4 февруари се навршуваат 1 година од катастрофалниот пожар кој го пеплоса манастирот Трескавец. 1 година потоа се поблиску е денот кога ќе започне неговото обновување. Се очекува изградбата да започне околу Велигден. Моментално проектот за конаците од Националниот конзерваториски центар е вратен на доработка во Музејот во Прилеп.

За неколку денови, на 4 февруари се навршуваат 1 година од катастрофалниот пожар кој го пеплоса манастирот Трескавец. 1 година потоа се поблиску е денот кога ќе започне неговото обновување. Се очекува изградбата да започне околу Велигден. Моментално проектот за конаците од Националниот конзерваториски центар е вратен на доработка во Музејот во Прилеп.

„Она што нас особено не радува е тоа што оваа година, во годишната програма на Министерството за култура е беа одобрени средства за изработка на проект за реставрација на црквата, магерницата и трпезаријата кои се единствен ваков средновековен комплекс во Македонија“, истакна монахот Калист.  

Црквата, магерница и старата трпезарија кои потекнуваат од 13 век моментално се во катастрофално лоша состојба. Токму поради тоа Трескавец, од страна на УНЕСКО, беше прогласен за еден од 100-те најзагрозени споменици на културата во светот.

Трескавец ќе биде изграден во својот препознатлив автентичен стил, со запазување на сите стандарди за заштита од пожари. Исто така ќе се реши и горливиот проблем со водоснабдувањето.

„Значи водата ќе се собира од изворот, ќе се каптира, ќе се гради нов резервоар над манастирот и потоа цевковод за на се снабди со вода целиот комплекс“, додаде монахот Калист.

Со изградбата на патот пак бројот на туристи тука е енормно зголемен.

Од 28 август минатата година кога официјално беше пуштен во употреба асфалтираниот пат, па се до денес, манастирот го имаат посетено над 30.000 гости.

Доаѓаат и стари и болни, сите оние за кои ова место било недостижно.

„Еден господин од Белград слушнал на Радио Телевизија Србија дека патот е пуштен во употреба, и уште другиот ден веднаш со неговиот син дојдоа тука. Последен пат тој бил на Трескавец 1936 година. Замислете колкава била желбата кај него повторно да дојде. тука. Не можел да чека ниту еден ден, веднаш дојде тука“, раскажува монахот Калист.

Инаку постојано за изградба на манастирот стигнуваат донации од верниците како од Македонија така и од странство.

 

Новинар:Дарко Штаргоски

Снимател и монтажа: Илчо Димоски