„Фридом хаус“ го објави извештајот „Нации во транзиција“

12.04.2016 12:49

Македонија има пад во шест од седумте категории, анализирани во документот. Подобрување е забележано во делот на граѓанското општество...

„Фридом хаус“ го објави годишниот извештај „Нации во транзиција“. Македонија има пад во шест од седумте категории, анализирани во документот. Подобрување е забележано во делот на граѓанското општество, а назадување има во: изборниот процес, независноста на медиумите, националното демократско владеење, локалното демократско владеење, правната рамка, корупцијата.

Оценката за Македонија е 4,29 и е пониска од лани, сѐ уште сме во групата земји со хибриден режим. Во извештајот е наведена политичката криза и договорот од Пржино, кршливоста на политичкиот дијалог и пропуштените рокови, протестите, кумановските настани, мигрантската криза.

Се посочува и дека ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште ужива поголема доверба кај граѓаните од СДСМ. Од „Фридом хаус“ сметаат дека изгледите за годинава ќе зависат од спроведувањето на политичкиот договор, изборите, истрагата за илегалното прислушување.