Бразилската претседателка Русеф се соочува со постапка на импичмент
12.04.2016 13:03
Доколку две третини од Долниот дом ја поддржат препораката тогаш таа ќе се гласа и во Сенатот. Доколку Сенатот ја прифати, тогаш Русеф ќе треба да се појави на суд.

Комитет на Долниот дом на бразилскиот конгрес препорача импичмент за претседателката Дилма Русеф поради обвинувањата за манипулирање со сметките во владиниот буџет во 2014 година.
Доколку две третини од Долниот дом ја поддржат препораката тогаш таа ќе се гласа и во Сенатот. Доколку Сенатот ја прифати, тогаш Русеф ќе треба да се појави на суд.
Илјадници бразилци синоќа излегоа по улиците на Рио Де Жанеиро, за да изразат поддршка на Русеф.
