Повреденото девојче сѐ уште се бори за живот
12.04.2016 13:20
Девојчето е хоспитализирано на КАРИЛ и е на апарати за дишење. Во несреќата беа повредени 14 лица, од кои 10 деца.

Сѐ уште е критична здравствената состојба на десетгодишното девојче кое беше повредено при вчерашното превртување на минибус во гостиварско.
Девојчето е хоспитализирано на КАРИЛ и е на апарати за дишење. Во несреќата беа повредени 14 лица, од кои 10 деца.
До несреќата дошло откако минибусот излетал од патот, а возилото се превртело на покрив.
