Ристовски: Ангажман на 74 дефектолози во основните и 57 во средните училишта
Изборот на дефектолози ќе се реализира на транспарентен начин, односно по пат на јавни конкурси за вработување, кои ќе бидат објавувани етапно...

Владата донела одлука од 1-ви септември да се вработи 131 дефектолог во образовните институции. Како што изјави заменик- министерот Спиро Ристовски, изборот на дефектолози ќе се реализира на транспарентен начин, односно по пат на јавни конкурси за вработување, кои ќе бидат објавувани етапно.
Министерството за образование и наука во изминатите неколку недели направи директни контакти со сите училишта во Македонија врз основа на податоците, односно бројот на ученици на кои им е потребна асистенција од дефектолог во било која форма се направи соодветна анализа која укажа дека има потреба од ангажирање на 74 дефектолози во основно образование и 57 во средно образование, вкупно 131, истакна заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски.
Во некои училишта има потреба од ангажирање на еден дефектолог, во некои од два, но има и такви каде ќе има потреба од тројца дефектолози.
Соодветно на потребите на основните и средните училишта, МОН ја изготви таа анализа и истата беше доставена до Владата и до Министерството за финансии, истата е одобрена и соодветно на тоа од 1 септември очекуваме ангажман на 131 дефектолог на територија на цела Македонија за да одговориме на потребите на учениците, на родителите и секако на самите училишта, вели Ристовски.
