Нов кружен тек во Скопје

12.04.2016 13:57

Проектот вреден 45 милиони денари ќе биде завршен до јуни годинава, најави Трајановски.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски ја посети локацијата на која се гради нов кружен тек на улицата 16-та Македонска бригада. Проектот вреден 45 милиони денари ќе биде завршен до јуни годинава, најави Трајановски.

Градоначалникот Трајановски истакна дека на терен е веќе поставена атмосферската канализација, дека е формирана новата кружна крстосница која се подготвува за асфалтирање, а завршено е и поставувањето на уличното осветлување.

Во моментов се работи на поставување на тротоарите каде што се редат бекатон-плочки. Овој нов кружен тек ќе придонесе за побрзо и побезбедно одвивање на сообраќајот и очекувам градежните работи да бидат целосно завршен во јуни, изјави Трајановски.

Тој се осврнал и на преоостанатите инфраструктурни проекти кои во моментов се реализираат од Градот Скопје, нагласувајќи дека градот Скопје и оваа пролет ја продолжува градежната офанзива во сите 10 општини за помодерно и поурбано Скопје.