Николовски: Увезени отровни краставици од Албанија
Увезената краставица од Албанија содржи двојно повеќе пестициди отколку што е законски дозволено, односно концентрација на активна супстанца Металаксил која е отровна.

„Во Македонија се увезени отровни краставици од Албанија“, тврди дополнителниот заменик- министер за земјоделство Николовски. Ова го покажале анализите на примерок од краставиците.
Увезената краставица од Албанија содржи двојно повеќе пестициди отколку што е законски дозволено, односно концентрација на активна супстанца Металаксил која е отровна. Останува отворено прашањето зошто затаила контролата при увоз и кој дозволил овие отровни краставици да завршат да домашниот пазар, изјави Николовски.
Николовски вели дека податоците за увозникот и за извозникот ќе ги достават до институциите.
