Мисајловски: Поднесени нови 80.000 барања за легализација

12.04.2016 15:01

Има доволно време општините да ја завршат работата оние кои што навреме ги поднеле барањата до крајот на 2017-тата ќе можат да го направата геодетскиот елаборат...

До крајниот рок за легализација на дивоградбите пристигнале 80.000 нови барања, вели ресорниот министер Мисајловски. Има доволно време општините да ја завршат работата оние кои што навреме ги поднеле барањата до крајот на 2017-тата ќе можат да го направата геодетскиот елаборат.

„До завршување на рокот пристигнаа 80 илјади барања за легализација. Нашата проценка излезе реална бидејќи очекувавме од 50 илјади до 80 илјади барања“, вели министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Осумдесет илјади, посочи ресорниот министер, е добра бројка односно граѓаните доставиле доста барања и сега останува општините да си ја завршат својата работа.

Од друга страна сите оние кои поднеле барања согласно Законот сега ќе можат својот геодетски елаборат да го направат до крајот на 2017 година. Имаат доволно време секој посветено да си го заврши својот дел и да си добие имотен лист за својата куќа, изјави Мисајловски.