Над 70 домашни и странски издавачи на Саемот на книга
Преку 70 издавачи од земјава и од регионот се претставуваат на годинашниот 28-ми меѓународен Саем на книгата, што официјално почна синоќа, а ќе трае до 18-ти април...

70 домашни и странски издавачи изложуваат на 28 меѓународен Саем на книгата. Од современи класични дела на домашни и странски автори, до стручна и научна литература, белетристика и бестселери.
Еден од најпосетените саеми, Саемот на книга, секоја година привлекува огромен број посетители. Годинава се очекуваат над 40.000 посетители.
Изложувачите нудат големи попусти и различни жанрови. На пазарот во Македонија повеќе издавачи ги немаат регулирано авторските права. Оние пак, кои ги регулирале реагираат дека овој проблем се провлекува со години.
На Саемот ќе се претстават издавачи од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Турција, Италија и Велика Британија. Во неделата посветена на книгата, ќе се одржуваат промоции на автори и нови изданија.
Саемот на книга ќе трае до 18-ти април.
Александра Перевска
