Државата ќе добие 9,23 милиони евра дивиденда од Македонски Телеком за 2015-та
12.04.2016 16:06
Компанијата ќе исплати 17,09 денари дивиденда по акција до 30 септември годинава.

Државата ќе добие 9 милиони 230 илјади евра дивиденда за 2015-та за капиталот што го поседува во Македонски Телеком.
Компанијата ќе исплати 17,09 денари дивиденда по акција до 30 септември годинава. Притоа ќе бидат платени и сите даноци согласно важечката даночна регулатива, соопшти Телекомот.
Македонски телеком од 2001-ва е дел од групацијата Дојче Телеком преку својот доминантен сопственик Маѓар Телеком.
