На проба во МНТ почина режисерот Томаж Пандур
12.04.2016 17:30
Пандур имаше 53 години, и важеше за еден од најплодните режисери на Балканот.

Словенечкиот режисер, Томаж Пандур, ненадејно почнал за време на пробата во Македонскиот Народен Театар.
„Пробата започна во 10 часот, а веќе во 11.30 часот, срцето на Томаж Пандур престана да чука. Замина онака како што живееше, опкружен со своите актери, и најблиски соработници во Македонски Народен Театар“ – велат од МНТ.
Пандур имаше 53 години, и важеше за еден од најплодните режисери на Балканот. Тој во македонија ја подготвуваше претставата „Кралот Лир“ од Шекспир.
