Македонија – Грција во ’’баражот’’ за СП во Катар
Ракометната репрезентација на Македонија...

Ракометната репрезентација на Македонија, која го освои 10 – то место на Европското првенство во Данска, за противник во бараж натпреварите за Светското првенство во Катар, ја доби селекцијата на Грција. Според ждрепката, Македонија ќе биде домаќин на реванш натпреварот, кој ќе се игра во терминот 14/15 јуни, а првиот дуел се игра на 7/8 јуни. Македонија беше во редот на привилегираните селекции, и ги избегна многу посилните ривали, како што се Германија, Словенија и Норвешка. Јужниот сосед беше најпосакуван на листата на можни ривали, и претставува одлична можност за нашите ракометари, по четврти пат да се најдат на завршницата на Светските шампионати.
Дебитантскиот настап беше во Египет во 1999 – та година, кога Македонија беше на 18 место, во Хрватска 2009 – та година беа на 11 – та позиција, а минатата година во Шпанија, на 14 – та.
Ждрепката беше немилосрдна кон Германците, кои за противник ја добија Полска, интересно ќе биде и во мечот Унгарија – Словенија.
Во другите мечеви, двојките од ’’плеј оф’’ пресметките се :
Романија – Шведска
Србија – Чешка
Русија – Литванија
БИХ – Исланд
Австрија – Норвешка
Црна Гора – Белорусија
