Реакции на политичките партии за одлуката на претседателот Иванов
13.04.2016 10:42
За СДСМ одлуката на Иванов претставува државен удар. Опозициската партија побара да си даде оставка.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се фрапирани и не се согласуваат со ваквата одлука, бидејќи тие сакале да се разобличат сите конструкции, лаги и манипулации. За СДСМ одлуката на Иванов претставува државен удар. Опозициската партија побара да си даде оставка.
Според ЛДП одлуката на Иванов значи поништување на договорот од Пржино и укинување на Специјалното јавно обвинителство.
Од НСДП сметаат дека Иванов со едностран акт ја укинал Република Македонија како држава.
За ГРОМ, одлуката ќе донесе штета врз правниот поредок на земјава. За Демократскиот сојуз- ова е државен удар.
