Хан: Потегот на Иванов не е во линија со владеењето на правото
13.04.2016 10:46
Според него, политичките лидери мораат да знаат дека неодамнешните акции се сериозен ризик за евроатлантската иднина на земјата.

Одлуката на претседателот Иванов не е во согласност со моето разбирање на правната држава. Со оглед на овој развој, имам сериозни сомненија дали сѐ уште се можни кредибилни избори, вели еврокомесарот Јоханес Хан.
Според него, политичките лидери мораат да знаат дека неодамнешните акции се сериозен ризик за евроатлантската иднина на земјата.
Демократијата значи компромис во служба на граѓаните. Ги повикувам сите политички партии да се вратат на преговарачка маса и да ја продолжат работата за реформите, вели Хан.
