Проект за социјална инклузија на стари лица

13.04.2016 12:30

Ќе се имплементира во наредните три години во Македонија, и во четири земји во регионот - во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

Црвениот крст на Република Македонија презентираше стратегија за социјална инклузија на старите лица, финансирана од Европската Унија. Ќе се имплементира во наредните три години во Македонија, и во четири земји во регионот - во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит Саити изјави дека со висок процент на старо население и поради комплексноста на прашањето за стареењето на населението Македонија има донесено национална стратегија за стари лица со која се идентификуваат приоритетните области и задачи за делување за подобрување на квалитетот на живеење на старите лица.

Според Црвениот крст, здравствениот и социјалниот статус на старите лица и пензискиот систем, покажуваат најважни показатели во детермирањето на квалитетот на живеење кај старите лица.