Ослободен обвинет во случајот „Пуч“
13.04.2016 12:37
Се работи за шестоосомничениот во предметот „Пуч“, кој се спогоди со обвинителството.

Од Кривичниот суд во Скопје информираат дека Кабинетот на претседателот Иванов до институцијата ја доставил одлуката за помилување на осуденик, при што истата е доставена до затворот, каде човекот издржува казна од три години зад решетки за шпионажа и за неовластено прислушување.
Се работи за шестоосомничениот во предметот „Пуч“, кој се спогоди со обвинителството. Во овој предмет, еден од осомничените е лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
