Катастар: Повеќе се продаваат станови, помалку куќи и деловен простор

13.04.2016 12:48

Од Агенцијата велат дека најголем број на недвижности кои се продадени се станови, помалку куќи и деловен простор.

Агенцијата за Катастар го објави првиот шест месечен извештај од Регистарот на цени и закупнини на недвижности и склучи договор за користење на податоци од регистарот за цени и закупнини преку веб- сервис.

Од Агенцијата велат дека најголем број на недвижности кои се продадени се станови, помалку куќи и деловен простор.

Најголемиот број на недвижности кои се продадени 2.166, односно 41 отсто се станови, од кои 700 се новоградби, 2.068 продажби или 39 отсто се од делот на земјоделско земјиште - ниви, овоштарници, лозја. Градежното земјиште учествува само со 8 отсто. Продажбата на куќи не е атрактивна за купувачите и во овој период се продадени само 328, а мала е и продажбата на деловен простор и изнесува само 268 што најверојатно се должи на фактот што поголемиот дел на вакви недвижности се дава под наем. Продадени се и 53 индустриски објекти.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпевски, изјави дека се очекува Регистарот на цени и закупнини во иднина на некој начин да стане берза на недвижнини во Македонија.