Медицинските тестови на пат на трансферот
Докторите констатирале проблеми на коленото на Микаел Есиен...

Докторите констатирале проблеми на коленото на Микаел Есиен, па преминот на ганскиот интернационалец во Милан се уште не е комплетиран. Иако клубовите се договорија, а нема пречки ниту во исполнувањето на личните услови на Есиен, тој ќе почека на промоција во седумкратниот евроски првак.
Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, не смета на услугите на фудбалерот за врска во оваа сезона, а со оглед на лошите резултати, Милан е во очајничка потрага по играч што може да ја придвижи заспаната машинерија на „росонерите“. Затоа италијанскиот тим му нуди на Есиен да биде на „Сан Сиро“ до јуни 2015-та, а 31-годишниот фудбалер веќе позираше пред фотографите со шалот на Милан. Но за да биде завршена целата процедура, Есиен треба да го мине повторниот медицински тест.
