Германија загрижена за потегот на Иванов
Германија бара сите партии да ги засилат напорите за создавање минимум предуслови за избори

Германија изразува длабока загриженост од потегот на претседателот Иванов. Во соопштението од Сојузната влада, пренесено од Амбасадата во Скопје, е наведено:
„Очекуваме принципот на владеење на правото да биде почитуван од сите страни. Се надеваме дека состојбата во државата и во општеството правно и политички нема да се заострува и натаму, и дека јавната безбедност ќе остане сочувана. Сојузната влада се надева на брзо разјаснување на правните и на политичките прашања, кои произлегуваат од најавата на претседателот на државата. Од особено значење е, се вели во соопштението, Специјалното јавно овинителство, како што е предвидено со договорот од Пржино, да може непречено да ја продолжи својата исклучително важна работа за институционално стабилизирање на државниот систем, која многу се цени од голем дел од македонското општество и од меѓународната заедница“ – се вели во соопштението.
Германија бара сите партии да ги засилат напорите за создавање минимум предуслови за избори, соодветни на европските стандарди.
