НБРМ: Економијата расте со солидно темпо

13.04.2016 13:14

И во првиот квартал од годинава има солиден раст и поволни движења во клучните сектори...

„Домашната економија расте со солидно темпо, делумно поддржана од кредитната активност на домашните банки. Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Девизните резерви се на соодветно ниво. Политичките случувања имаат ограничени ефекти врз економијата“- ова е генералниот заклучок на Народната банка од последната седница.

Според податоците, и во првиот квартал од годинава има солиден раст и поволни движења во клучните сектори на стопанството.