Во Брисел средба на еврокомесарот Хан со европратениците Вајгал, Кукан и Ховит за состојбите во Македонија

13.04.2016 13:02

Се очекува официјално соопштение.

Во Брисел средба на еврокомесарот  Јоханес Хан со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит. Разговорите се завршени. Се очекува официјално соопштение.

Вчера Хан на Твитер напиша: Одлуката на претседателот Иванов не е во согласност со моето разбирање на правната држава. Со оглед на овој развој, имам сериозни сомненија дали сѐ уште се можни кредибилни избори.