АХВ: Николовски повторно ја доведе јавноста во заблуда

13.04.2016 13:59

Од АХВ велат дека некомпетентноста, нестручноста и политиканството на Николовски за ширење на дезинформации и паника кај граѓаните, имало единствена цел- рушење на довербата на граѓаните во институциите на системот...

Агенцијата за храна и ветеринарство го осуди обидот на техничкиот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски, јавноста да ја доведе во заблуда дека граѓаните на Македонија јадат небезбедна храна, се вели во соопштението.

Од АХВ велат дека некомпетентноста, нестручноста и политиканството на Николовски за ширење на дезинформации и паника кај граѓаните, имало единствена цел- рушење на довербата на граѓаните во институциите на системот одговорни за безбедноста на храната и дискредитирање на угледот на Агенцијата.