Одлуките на претседателот Иванов објавени во Службен весник
13.04.2016 14:11
Има 42 одлуки кои се однесуваат за актуелни и поранешни функционери од власта и од опозицијата.

Во Службен весник објавени одлуки на претседателот Иванов за помилување, односно ослободување од гонење без спроведување постапка.
Има 42 одлуки кои се однесуваат за актуелни и поранешни функционери од власта и од опозицијата.
Шефот на државата вчера соопшти дека донел одлука за општ прекин на постапките што се водат против политичари и нивни соработници, поради, како што рече, излез од политичката криза и национално помирување.
